Press
“Лимак Холдинг” започна со изградба на “Diamond Skopje” – подземен булевар, и современ мултифункциoнален комплекс

“Лимак Холдинг” започна со изградба на “Diamond Skopje” – подземен булевар, и современ мултифункциoнален комплекс

Светски реномираната компанија со седиште во Турција “Лимак Холдинг”, денес и официјално најави дека започна со интензивни градежни активности на просторот околу Старата железничка станица во Скопје. Добиени се сите неопходни дозволи за градба, завршени се подготвителните активности на проектот, како и активностите во координација со Градот Скопје, општина Центар, и останатите државни институции.

На официјалната прес конференција пред присутните се обрати г. Сердар Баџаксиз, Потпретседател во“Лимак Инвестиции”кој изјави:"Јас сум сигурен дека “Diamond Skopje” ќе биде новиот центар на градот од сите аспекти, било да се работи за бизнис, за социјализација или за културни настани. Целиот комплекс се надеваме дека ќе донесе нови бизниси, инвеститори и потрошувачи од целиот свет, со што дополнително ќе ги отвориме портите на Македонија кон светот. "

Од Лимак информираа дека е во тек изведба на подземниот булевар, како и на Лимак хотелот кој е веќе во понапредна фаза, а дека е дефинирана и динамиката за изградба на мултифункционалниот комплекс,“Diamond Skopje”

г. Зоран Заев, Премиер на Влада на Р. Македонија, изјави дека:“Diamond Skopje” од повеќе аспекти ќе го промени нашиот град на подобро. Станува збор за современ мултифункционален комплекс кој ќе обединува деловно – резиденцијални единици, хотелски комплекс и трговски центар во согласност со модерните потреби и навики на граѓаните на Скопје. Го поддржуваме поврзувањето меѓу странските и домашните компании. За економски бенефит, за развој и за подобри услови во остварувањето на бизнисот и на едните и на другите. Потврда на нашите нови, активни и ефикасни политики и политиките на доверба што се наша водилка во соработката, е и стартот на работите на овој мега проект на една реномирана странска компанија каква што е “Лимак Холдинг.“

На конференцијата се информираше дека изградбата на подземната улица се планира да биде завршена во период од 22 месеци. Станува збор за модерна подземна улица, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот. Двонасочен коловоз во 4 ленти и 2 ленти за трамвај/автобус, со должина од 800 метри, кој ќе го дислоцира булеварот Македонија под земја и во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје.

Паралелно како што ќе оди напредокот на подземната улица, ќе започне и изградбата на “Diamond Skopje”. Во комплексот автентично ќе се вклопи и симболот на градот - Старата железничка станица, денес Музеј на град Скопје, кој се планира да биде возобновен од градските власти.

Објавено на https://faktor.mk/limak-holding-zapochna-so-izgradbata-na-multifunkcionalniot-diamond-skopje

Објавено на https://radar.mk/?p=22147

Објавено на https://denar.mk/189550/biznis/limak-holding-zapocna-so-gradezni-aktivnosti

Објавено на https://www.biznisvesti.mk/limak-holding-zapochna-so-izgradba-na-diamond-skopje-podzemen-bulevar-i-sovremen-multifunktsionalen-kompleks/

Објавено на https://faktor.mk/limak-holding-zapochna-so-izgradbata-na-multifunkcionalniot-diamond-skopje

Објавено на https://emagazin.mk/foto-limak-holding-pochna-so-gradbata-na-podzemen-bulevar-multifunkcionalniot-kompleks-diamond-skopje/

Објавено на https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-dve-godini-ke-bide-gotova-podzemnata-soobrakajnitsa-na-juzhen-bulevar-najavi-turskiot-investitor-limak/

Објавено на https://vesti.mk/search?q=Limak&beg=21.09.2018&end=27.09.2018

Објавено на https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b7%d0%b5%d0%bc%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be%d0%be%d0%b1%d1%80/?utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk