Press
“Лимак Холдинг” започна со изградба на “Diamond Skopje” – подземен булевар, и современ мултифункциoнален комплекс

(Видео) Заев: Мегапроектот вреден 250 милиони евра на реномираната „Лимак холдингс“ е потврда за нашите економски политики

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со заменик-претседател на Владата на Република Македонија, Кочо Анѓушев, денес присуствуваше на одбележување на почнувањето на градежните активности на мултифункционален станбено-деловен комплекс „Лимак дајмонд“ во Скопје.



„Светски реномирана компанија со седиште во Турција е специјализирана за секаков вид инфраструктурни и градежни проекти вклучувајќи аеродроми, пристаништа, автопати, брани, хидроцентрали, фабрики, индустриски објекти, цевководи, хотелиерство и туризам. Како компанија што поставува силно посакувани високи стандарди во овие области „Лимак холдинг“ се најде на листата на 250-топ градежни компании рамо до рамо со светски докажани градежни магнати.

Влегувањето на „Лимак холдингс“ во портфолиото на странските инвеститори кај нас, како компанија што ги спојува техничките вештини и долгогодишното искуство, со општествена одговорност и деловна етика, бездруго ќе биде фактор што ќе ги поттикне сите потенцијални инвеститори да дојдат побргу во нашата земја“, порача Заев. „Лимак дајмонд“ од повеќе аспекти, како што рече Заев, ќе го промени нашиот град на подобро. Станува збор за современ мултифункционален комплекс кој ќе обединува деловно-резиденцијални единици, хотелски комплекс и трговски центар во согласност со модерните потреби и навики на граѓаните на Скопје.

„Во комплексот автентично ќе се вклопи и симболот на градот – Старата железничка станица, денес Музеј на град Скопје, кој ќе биде обновен и со поддршка на Град Скопје. Паралелно со овие активности, „Лимак холдингс“ ја почна изведбата на подземниот булевар, кој се планира да биде завршен за период од 22 месеца.

Станува збор за модерна подземна улица, која ќе личи на европските метрополи, од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови, кои се планираат во овој дел од градот. Двонасочен коловоз во 6 ленти со должина од 800 метри, кој ќе го дислоцира булеварот Македонија под земја и во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје. Потфат достоен за почит“, нагласи премиерот.

Тој истакна дека Турција е во редот на првите десет трговски партнери на Македонија.

„Во 2017 година трговијата достигна 456 милиони долари, од кои извозот е 89 милиони долари, а увозот 367 милиони долари. Нашата цел е низ заедничка посветеност трговијата да достигне минимум една милијарда долари.

Инвеститорите во Македонија имаат искрен и отворен партнер во Владата, која се грижи за стабилно и предвидливо деловно опкружување. Создадовме нов модел за привлекување странски инвестиции, кој е транспарентен. Нашата определба е тој модел да биде низ јавно објавени критериуми. Условите да бидат исти за странските и домашните компании“, рече Заев.

Премиерот додаде дека потврда на владините нови, активни и ефикасни политики и политиките на доверба, што, како што истакна, се водилка во соработката, е и почетокот на работите на овој мегапроект на една реномирана странска компанија каква што е „Лимак холдингс“.

Заменик-претседателот на Владата, Кочо Анѓушев, истакна дека инвестицијата на „Лимак“ во вредност од 250 милиони евра значително ќе придонесат на раздвижување на градежништвото.



„Преку реализација на вакви комерцијални проекти, на приватни инвеститори, но и преку реализација на инфраструктурни проекти, кои се од корист и за граѓаните и за Република Македонија, ќе го подигнеме градежништвото во земјата. Само оваа инвестиција на „Лимак“ во наредните 40 месеци ќе има импакт од 5 милиони евра на месечно ниво во државниот бруто-производ, што е значително влијание. Ако во првиот квартал од 2018 година имавме пад на градежништвото од 40 отсто, со реализација на предвидените градежни проекти очекувам значителен пораст на градежништвото во иднина и ќе постигнеме раст на БДП и над проектираните 3 отсто“, посочи вицепремиерот Анѓушев.

Објавено на https://www.youtube.com/watch?time_continue=26&v=c7TO8-hNTXQ

Објавено на https://makfax.com.mk/ekonomija/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2-%D0%BC%D0%B5%D0%B3%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD-250-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8/

Објавено на https://kanal5.com.mk/articles/350012/albanskata-firma-sagan-investira-vo-bunardjik-a-turski-limak-vo-skopje

Објавено на https://tv21.tv/mk/pochna-izgradbata-na-podzemnata-soobrakajnitsa-i-stanbeno-delovniot-kompleks-kaj-juzhen-bulevar/

Објавено на https://skopjeinfo.mk/zapochna-izgradbata-na-multifunkcionalen-delovno-rezidencijalen-kompleks-dajmond-skopje

Објавено на https://lokalno.mk/pochna-izgradbata-na-podzemnata-soobrakajnitsa-i-stanbeno-delovniot-kompleks-kaj-juzhen-bulevar/

Објавено на https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=250780

Објавено на https://a1on.mk/archives/954184